Ѓокица Лукаревски ја доби наградата за животно дело „Анче Џамбазова“

Доајенот на македонското глумиште, Ѓокица Лукаревски, е добитник на наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ на годинашниот Фестивал на комедија „Гола месечина“, што го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром.

На втората фестивалска вечер, Лукаревски играше во претставата „Партија реми“ во режија на Виолета Џолева, претстава со која во 2018 година тој одбележа 40 години играње на сцената во Драмски театар, а потоа замина во пензија.

„Лукаревски е познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски серии. Со својата длабоко доживувана актерска интерпретација, посебно се истакнува во неколку претстави, каде што толкува главни и споредни улоги, а познат е и по улогите во ‘Пресуда’, ‘Македонски народни приказни’, и хумористичната радио емисија ‘Хихирику’“, велат од Театар Комедија.

Scroll to Top